Излезот ограничен, семејното насилство интензивирано

Излезот ограничен, семејното насилство интензивирано

Автор: Сара Поповска, студент на правни студии при Правен факултет ,,Јустинијан Први

Криза во светски форми и размери. Состојба на константен страв, паника и искушение. За жал сведочиме една глобална катастрофа која тектонски ја изместува навиката на нашето секојдневие. Несигурноста не бутка до работ на човечноста во борбата за својата егзистенција. Се дистанцираме од сите извори на сатисфакција. Цврсто се потпираме на сите препораки и насоки кои ги добиваме од надлежните со надеж дека тоа е лекот кој го најавува крајот на оваа агонија. И затвораме врата на пандемијата засолнети во своите домови. Но колку е адекватен терминот “засолниште“ за опис на еден дом во период на самоизолација?

Медиумите се преплавени со статистички информации околу зголемениот ризик од семејно насилство во време на вонредна состојба. Сега повеќе од било кога, жртвата страда. Затворените можности и социјални активности ја интевизираат агресијата на насилниците. Стравот од непознатото и немоќта да се промени актуелната ситуација раѓа немир кој се манифестира како зголемено ниво на насилство. Потребата да се покаже доминација и контрола, предизвикано од неможноста истото да се превземе во борба со вирусната појава, се рефлектира како физичка и психичка тортура зад затворени врати. Но во ова време, бегството е недозволен концепт. Свесни сме, но дали доволно?

Топло ги охрабруваме сите оние мажи и жени, деца и родители кои се соочуваат со овој проблем, без разлика на нивото на интензитет да го кренат својот глас и да се обратат за помош. Ве охрабруваме и сите вас кои сте сведоци на ова страдање да не останете само неми набљудувачи и одговорно да пристапите кон пријавување на случајот. Храброста најдете ја длабоко во себе каде лежат вашите и само ваши права кои се толку сопствени што никој нема право да ви ги одземе. Не сте сами, не сме ни ние. Без физички излез ќе го најдеме излезот од оваа катаклизма. Заедно.

Со таа цел подолу ви ги нудиме сите постоечки сервиси поделени по градови:

Скопје

Меѓуопштински центар за социјална работа Скопје

Специјализиран тим за постапување по итни предмети од ранливи категории 076 381 762 и 078 230 943 (работи 24/7)

Служба за брак и семејство и заштита од семејно насилство 075 295 118

Полиција 192

Сервиси за психосоцијална помош и поддршка

Прв семеен центар на Град Скопје, 02/ 3200 007, секој работен ден од 11.00 до 18.00 часот

Институт Алтернатива, 077 791 100, секој работен ден од 09:00 – 16:00

СОС линија 02/15 315, достапна 24/7

Сервиси за бесплатна правна помош и поддршка

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, 075 255 154, вторник, среда , четврток 09:00 – 17:00

Хелсиншки комитет , 072 278 436  и 02/ 3119 073, секој работен ден  09:00 – 14:00Здружение на млади правници, 02/3220-870, секој работен ден 8.30 – 16.30

Тетово

Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово, Советувалиште за работа со жени жртви на родово базирано/семејно насилство,  078 837 111

Охрид

Меѓуопштински центар за социјална работа Охрид , Центар за жени  жртви на родово базирано/семејно насилство, 071 231 032

Советувалиште за жени жртви на родово базирано/семејно насилство, 077 937 916    

Штип

Меѓуопштински центар за социјална работа Штип,  Советувалиште за работа со жени жртви на родово базирано/семејно насилство 076 475 052

Кризен центар за жени жртви на родово базирано/семејно насилство 24/48 часа, 076 475 050

Куманово

Меѓуопштински центар за социјална работа  Куманово, Советувалиште за работа со жени жртви на родово базирано/семејно насилство, 077 993 705

Велес

Меѓуопштински центар за социјална работа  Велес, Центар за жени жртви на родово базирано/ семејно насилство 076 340 225

Организација на жени на општина Велес, бесплатна правна помош како и психолошка помош, 070 645 318 и 075 603 348

Кавадарци

Меѓуопштински центар за социјална работа Кавадарци, Советувалиште за работа со жени жртви на родово базирано/семејно насилство, 078 298 015

Прилеп

Меѓуопштински центар за социјална работа  Прилеп, Советувалиште за работа со жени жртви на родово базирано/семејно насилство, 075 847 999

Кризен центар за жртви 24/48 часа, 078 289 427

Битола

Меѓуопштински центар за социјална работа  Битола, Советувалиште за работа со жени жртви на родово базирано/семејно насилство, 071 397 875

Центар за жени жртви на родово базирано и семејно насилство, 071 397 145

Свети Николе

Меѓуопштински центар за социјална работа  Свети Николе, Центар за жени жртви на родово базирано и семејно насилство, 070 210 995 и 032 443 305

Кочани

Меѓуопштински центар за социјална работа  Кочани, Центар за жени жртви на родово базирано и семејно насилство, 033 274 141 и 033 274 139

Струмица

Здружение на граѓани Скај плус Струмица, Центар за жени жртви на семејно насилство, 078 453 190

Leave a Reply