СТЕП

СТЕП

Еден од клучните сектори на ЕЛСА е и Програмата за студентска размена и пракси или СТЕП/STEP (Student Trainee Exchange Programme). СТЕП им овозможува на студентите по право да го аплицираат своето знаење во практиката. Она што го прави СТЕП посебен е што праксите кои им ги нуди на студентите се одвиваат во различни земји низ Европа и светот.

На тој начин, преку СТЕП,  практикантите имаат можност да живеат определено време во странство, кое не може да биде пократко од две недели и подолго од две години. За посетувањето на праксата практикантите добиваат определен месечен надоместок или им се покриени тамошните трошоци. Сместувањето и грижата за практикантот ја води локалната ЕЛСА група.

Праксите се одвиваат во правни фирми, консултантски друштва, невладини организации, банки и институти, но и во јавни администрации, судови и Влади. Се аплицира со пополнување на електронска апликација која може да се добие од Потпретседателот за СТЕП на адресата step@mk.elsa.org

Основен услов за аплицирање е апликантот да е студент по право и член на Европското здружение на студентите по право – ЕЛСА. Освен тоа, треба да ги исполнува и дополнителните услови предвидени од конкретниот работодавец. Најчесто, тоа се познавање на определен јазик и знаење од конкретна област на правото.

СТЕП е уникатна можност за сите студенти по право кои сакаат да стекнат интернационално искуство во правото и да ги запознаат своите европски колеги преку практикување право, но истовремено и да патуваат и осознаваат нови места и култури.