Сектори

Семинари и конференции

Семинари и Конференции е еден од трите клучни сектори во ЕЛСА. Активностите кои се организираат во рамките на овој сектор се насочени кон стекнување на знаења и вештини надвор од рамките на формалното образование, кои имаат огромно значење при оформување на профилот на еден студент по право.

СТЕП

СТЕП им овозможува на студентите по право да го аплицираат своето знаење во практиката. Она што го прави СТЕП посебен е што праксите кои им ги нуди на студентите се одвиваат во различни земји низ Европа и светот.

Академски активности

Во рамките на овој сектор и активностите кои се одвиваат во него, на членовите на ЕЛСА им се овозможува да се стекнат со нови правнички знаења и истите да ги споделуваат, да го почуствуваат правничкиот живот и практицирање на правото, а не само теоретизирање кое им го пружа испитната литература, се остварува влијание на правничкото образование и се овозможува развој на вештините на говорење, пишување и размислување правнички.

“A just world in which there is respect for human dignity and cultural diversity” are not only words but an attitude. Become a part of the worlds’ biggest independent law students’ association today!

Извршен одбор

Ангела Јанкоска
Претседател

Билјана Петревска
Благајник

Тамара Велковска
Потпретседател за семинари и конференции

Фанче Димоска
Потпретседател за академски активности

Беба Жагар
Потпретседател за СТЕП

Ивана Ажиевска
Потпретседател за маркетинг

Донатори и партнери

ELSA Memories

They are young enthusiasts and professionals who will teach you that ELSA spirit is the best you can experience as a law student! Twenty generations behind – plenty of successful lawyers, leaders, innovative thinkers and friends. When I look back on the times when I was a law student, I remember my first Freshers Camp in Ohrid, my traineeship in MYLA, the Regional Moot Competition in Sarajevo, international events, board meetings and beautiful people. Together we experienced something extraordinary and valuable and I am happy to see that the best students in the generation today are still those „affected“ by the spirit of ELSA!

Martina Martinova Former Vice President for STEP at ELSA Republic of Macedonia, 2012-2014

Мојата ЕЛСАшка историја започна во 2012 година кога за првпат зачекорив на „Јустинијан Први“ и се пријавив за учество на „Фрешерс Камп“. Преку учество на кампот забележав дека ЕЛСА не е само една невладина организација, туку е едно големо семејство во кое членуваат идни правници кои со ентузијазам и идеи, преку настани чија цел е неформална едукација, развој на критичка мисла и идеи за дејствување – сакаат да го променат светот. Како дел од бордот, научив: дека не треба да дискутираме за проблемите, туку да наоѓаме решение; дека и најситната светла точка е доволна за да се видат деталите; дека и неуспехот носи бенефит; дека не треба да имаме сонови, туку треба да имаме цели кои ќе ги оствариме; и дека ниту еден врв не е толку далечен за да биде недостижен!

Маја Вељанова Претседател на ЕЛСА Република Македонија, 2015-2017

Далечната 2009 со Светле бевме на ELSA training week во Палермо Сицилија. По тој повод се решивме да патуваме со воз до Палермо и по пат да посетиме неколку градови во Италија. Се беше во ред додека не стигнавме во Рим каде ни рекоа дека нема карти до Палермо но дека истите може да ги купиме во возот. И така тргнавме се додека не стигнавме до Наполи каде што влезе контрола. Ние уредно се упативме кон нив со намера да купиме карти но ни рекоа дека истите сме требале да ги извадиме во Рим и дека поради тоа треба да платиме казнен билет од 100 евра. Некако се помиривме и плативме меѓутоа цел пат од околу 1000км го поминавме без седишта потпрени на нашите куфери. Жива малтретажа. Поевтино ќе не фатеше да земевме авион. И покрај тоа настанот беше еден од најубавите нешта на кои сум присуствувал. Журки на плажа до зори, песочни плажи, крстарења: со еден збор преубаво ЕЛСА искуство со многу стекнати пријателства кои траат до ден денес.

Ивица Стошиќ Потпретседател за маркетинг, 2009-2012

За мене ЕЛСА беше првиот чекор кој ме донесе до она што го работам денес. Истовремено, во оваа организација остварив многу пријателства што траат. Со ЕЛСА секој студент по право од Македонија, добива шанса да стане светски човек!

Бојана Божиновска Потпретседател за семинари и конференции, 2012

Тешко е избегнувањето на замката „сентименталност“ во обидот да споделиш како си се градел себеси во организацијата на твојата студентска младост, па затоа за сметка на безбројните спомени кои го топлат срцето и се претопиле во денешни пријателства, ќе се обидам да ги преточам сите вакви или онакви задоволни насмевки во објективен симбол: ЕЛСА ми овозможи да бидам најмладиот правник што ја облекол адвокатската тога во Апелациониот суд во Рим.

Фросина Антоновска Претседател на ЕЛСА РМ, 2014-2015

Being a board member in a student organization mean satisfaction, responsibility, provocation and pride..but being a Board member of ELSA Republic of Macedonia is more than that.. Its about being a fighter, optimist, supporter, team player, team leader, party maker, and a friend.. After all, we are all law students and also the leaders of our generation. We trust, we hope, we believe in success and changes!

Zorica Velkovska former President of ELSA Republic of Macedonia, 2008

ЕЛСА – дом, пријателства, знаење, авантури и радост.. once an ELSA, always an ELSA!

Светлана Ќосева Претседател на ЕЛСА Република Македонија, 2011

Неколку слики, илјада зборови. Најмногу сум горда на Moot court Клубот кој го основавме и набргу потоа на Правниот факултет му го донесе првото место во Ријека со учесници – пред се, членови на ЕЛСА. Истиот Moot Court уште функционира и создава идни адвокати за човекови права кои со време се запознаваат со Европската Конвенција.

Мила Исаковска Претседател на ЕЛСА Република Македонија, 2007

From painting the office to organizing big conferences and taking part in international events. Anything could happen at ELSA. Being a part of ELSA is a solid cornerstone of a successful legal career. But most importantly being part of ELSA means that you have made friends and colleagues for life all over Europe. And this is the greatest benefit a student can get from a student organization.

Ljupka Noveska former President ELSA Republic of Macedonia, 2010

И благодарам на ЕЛСА за сите животни лекции што ги научив во тие пет бесценети години. Честопати наивно, неискусно и аматерски – се изградивме себеси во возрасни личности спремни да сносат одговорност, кои со ограничени ресури можад да постигнат неограничени успеси единствено благодарение на добрата волја и силниот мотив. И благодарам на ЕЛСА што ми го трасираше професионалниот пат, што ме научи на колегијалност, лидерство и меѓусебна почит. По повод оваа 20-годишнина посакувам уште многу ЕЛСАшки години да бидат прилика за безброј млади правници да грабнат парче професионално и животно богатство.

Ана Велковска Претседател на ЕЛСА Република Македонија, 2012-2014

Адреса

Бул. Гоце Делчев 9б, 1000 Скопје

Правен Факултет „Јустинијан Први“

Контактирајте не