Moot Court Competiton

Moot Court Competition

ЕЛСА Северна Македонија, секоја година со свој тим се натпреварува на Регионалниот натпревар за човекови права организиран од невладината организација Civil Right Defenders. Учеството на овој натпревар на студентите по право им дава можност да научат да пишуваат апликација пред Европскиот Суд за човекови права и своите правни аргументи да ги изложат пред судии од врховни, апелациони, уставни судови од Балканот, но и пред поранешни и актуелни судии од Европскиот Суд за човекови права. Несомнемо, овој натпревар им овозможува на студентите да се стекнат со практични вештини и да ги усовршат свотите ораторски способности.