За ЕЛСА

Историја

EЛСА Северна Македонија е независна, непрофитна и невладина организација насочена кон своите членови, студентите по право. Таа е основана на 05.09.1997 година во Скопје, од група млади ентузијасти, студенти по право, како дел од ЕЛСА мрежата во Европа. На Меѓународното Годишно Собрание, одржано во Опатија, Хрватска, во 1998 година, нашата национална група беше признаена како полноправна членка на ELSA International под своето уставно име

ЕЛСА Северна Македонија е организација со специфични цели во работењето и е единствена НВО целосно посветена на студентите по право како своја таргет група. ЕЛСА им нуди најразлични можности за стекнување ново искуство, како на национално така и на интернационално ниво, преку учество и организирање на бројни семинари, коннференции, програми за развивање вештини за правно пишување, програми за размена, пракси, тренинзи итн. Исто така, преку соработката со други владини и невладини организации, ЕЛСА ги истражува можностите за работни места за своите членови и им овозможува да го завршат Правниот факултет со колку што е можно повеќе теоретско и практично знаење за нивната идна професија.

Денес, базата на членови на ЕЛСА Северна брои повеќе од 400 студенти од Правниот факултет  ,,Јустинијан Први” при УКИМ, како и студенти од другите правни факултети во Скопје, скоро дипломирани правници и вибрантна мрежа на алумни и поранешни членови, коидобија институционален облик во форма на European Lawyers Society, правно лице, кои сеуште активно ги помагаат нашите активности.

Мисија и визија

ЕЛСА  Северна Македонија е организација од студентите за студентите по право, национален огранок на европска студентска асоцијација која ја спроведува интернационалната соработка, дејствува и на локално ниво и се посветува на подобрување на квалитетот на целиот студентски живот на своите членови. Како своја глобална цел ја има поставено промоцијата, воспоставувањето и развојот на взаемно почитување, соработка и лични контакти меѓу студентите по право и младите правници од земјата и странство и преку тоа да придонесува во реализацијата на визијата на ЕЛСА: “Праведен свет каде има почит за човечкото достоинство и културната разноликост“.

Задачата на ЕЛСА е да ги подготвува студентите по право и младите правници за професионален живот во земјата и странство, да дава можност студентите по право и младите правници да ги изучуваат другите правни системи во духот на критички дијалог и научна соработка; да придонесува во правното образование, да го охрабрува взаемното разбирање и почитување и да промовира општествена одговорност на студентите по право и младите правници; да им помага на студентите по право и младите правници да бидат меѓународно ориентирани и професионално обучени и да ги поттикнува студентите по право и младите правници да дејствуваат за промовирање на вредностите на правната држава и демократскиот развој…