Потребно е ажурно санкционирање на ширење на лажни вести, во време кога општеството се соочува со спречување на пандемија

Потребно е ажурно санкционирање на ширење на лажни вести, во време кога општеството се соочува со спречување на пандемија

Автор: Милица Димова, студент на мастер студии казнено право при Правен факултет ,,Јустинијан Први”

Со развојот на интернетот лажните вести станаа дел од секојдневието на граѓаните. Лажните вести не се новина во нашата држава. Несомнено е дека нивниот обем се прошири во  почетокот на март месец, кога нашата држава се соочи со појавата на Корона вирус –  Ковид 19. Медиумите конечно си најдоа плодно тло за рекламирање на своите интернет портали преку ширење на информации за вирусот , а впрочем користејќи ја паниката која преовладуваше меѓу населението. Најчестите информации кои се пласираат во етерот на медиумскиот простор во моментот се околку симптомите на болеста,  нејзино превенирање и начинот на лекување. Иако мала е  разликата помеѓу дезинформации и лажни вести сепак доколку  подлабоко навлеземе во проблематиката на овој проблем  јасно ќе ја увидиме неговата суштина и несомнено веднаш ќе ја распознаеме разликата.

Иако со Уставот на Република Северна Македонија, заштитено е  правото на слобода на изразување на медиумите и слободен проток на информациите прашање е дали медиумите го злоупотребуваат оваа право за своја корист?

Препораките кои кружат низ медиумскиот простор за читање паметно на информации односно: Да не читаме само наслови, Да се провери изворот и датумот на информацијата, Да се провери автентичноста на информацијата, Да го провериме медиумот каде е пласирана информацијата ни даваат почетен стадиум на заштита од лажните вести. Но, сепак сметам дека поважно е начинот на  кој законодавецот го заштитува општеството од лажните вести кои се пласиираат низ медиумскиот простор во врска со пандемија која ја зафати државава.

Иако надлежните институции се согласни дека тенка е разликата помеѓу санкционирање на лажни вести и слобода на изразување, сепак ваквите злоупотреби кои се појавија треба законски да бидат санкционирани согласно Кривичниот законик на Република Северна Македонија.

Доколку го погледнеме  Кривичниот законик на Република Северна Македонија јасно ќе увидеме дека сепак постои одредба која  им става кочница и не им дава целоса слобода на медиумските куќи при објавување на вестите за конкретниот случај. Ширењето лажни вести  во состојба во која се наоѓа моментално нашата држава се поведува според член 205 кој  гласи: ,, Тој што ќе ја загрози сигураноста на друг со лажна закана за пренесување или со ширење на невистинити тврдења за постоење на неилечлива заразна болест ќе се казни со парична казна или затвор до шест месеци,,. Несомнено е дека законодавецот е ригиден во однос на оваа одредба и јасно можеме да заклучиме дека лажните вести кои се појавија во екот на пандемијата ќе се поведат под оваа одредба.

Заклучно на горенаведеното, ние како граѓани очекуваме сериозен пристап од институциите и поведување на постапки со ефективна разрешница и со кое нешто ќе се даде до знаење дека лажните вести се сериозен проблем кој бараат сериозен пристап  и санкционирање.

Ова е комплексен проблем и сметам дека  за спречување на истиот треба сериозна сплотеност помеѓу надлежните институции и новинарските здруженија за да вроди со плод. Во ред е ние како граѓани во нешто да веруваме и кон дадени информации да се ориентираме, но сепак медиумската писменост меѓу нас граѓаите треба да се искачи на повисоко ниво, и во вакви вонредни услови сериозно да внимаваме со читање на информациите кои ги добиваме преку медиумите.

Leave a Reply