Членство

БЕНЕФИТИ ОД ЧЛЕНСТВОТО

Бенефит е да си член на ЕЛСА Северна Македонија, да бидеш еден од триесет илјади проактивни студенти по право, преку 300 факултети, во 42 европски држави.
 ЕЛСА Северна Македонија ти овозможува да ги подобриш твоите академски активности, да учествуваш на различни семинари и конференции, да се стекнуваш со практично  искуство  преку СТЕП  програмата  и  домашните  пракси  во  различни  правни институции (адвокати, јавно обвинителство, суд, невладини огранизации итн), да ги користиш книгите на ЕЛСА Библиотека, едноставно да ги искористиш сите поволности кои ти се нудат ако си член на ЕЛСА Северна Македонија.
Секторот Академски активности организира бројни рaботилници, обуки, предавања и тренинзи. Покрај тоа можеш да се вклучиш и во:
-MOOT COURT CLUB-от и да учествуваш на натпревар за заштита на човековите права;
-Да пишуваш есеи на тематски натпревари;
-Да бидеш дел од правни истражувања и публикации на трудови;
-Да пишуваш труд за списанието ,,Јустиција”
-Да учествуваш на натпревари во дебата
– Да бидеш учесник на академиите по право

Секторот  Семинари  и  Конференции  нуди  одлични  можности  да  го  прошириш твоето  правно  знаење  учејќи  од  врвни  професионалци  и  експерти  од  целата Европа. Можеш  да  присуствуваш  на  многубројни  семинари,  летни  школи  и  институционални посети од целата ЕЛСА мрежа.
Покрај тоа, како поинаку ќе запознаеш толку многу култури и ќе стекнеш пријателства со колеги правници од другите европски држави?
Ако сакаш пракса во странство-СТЕП програмата е клучот за тебе! ЕЛСА има Програма за размена на студенти и пракси која ти овозможува ретко искуство: работење во Европа. Сосема бесплатно можеш да аплицираш за платена пракса во траење од   2 месеци до 2 години во правни фирми, судови, банки, јавни институции, универзитети, правни служби, консултантски куќи и меѓународни организации во било која од змијите на Европа. Притоа ЕЛСА ќе помогне со сместувањето и визите, а локалната група ќе се грижи за тебе додека си таму.

Што  е  подобро  од  патување,  дружење  со  нови  луѓе  и  стекнување  работно  искуство истовремено?
Исто така, ЕЛСА Северна Македонија организира и домашни пракси кај адвокати, јавно обвинителство, суд, невладини организации итн. со кои ти овозможува да се стекнеш со практично искуство, односно да се запознаеш како теоријата функционира во реалноста.
ЕЛСА Северна Македонија има и сопствена библиотека, располага со широк репертоар на книги со правничка содржина кои ќе ти помогнат при пишување на есеи, научно-истражувачки работи, па дури и магистерски теза.

Како да се Зачлениш ?

Доколку не сакаш да бидеш само студент, туку и ЕЛСА студент, зачлени се на начин што пополнуваш апликација преку формуларот:
Формулар за Зачленување
 И  да  уплатиш  годишна чланарина од 400 денари во канцеларија на ЕЛСА Северна Македонија  или на жиро сметка:
Назив на налогопримач: Еврпоско здружение на студенти по право на Република Северна Македонија;
Банка на налогопримач: НЛБ Тутунска банка;
Број на сметка: 210 0525628301 36;
Цел на дознака: годишна члeнарина;
За се друго информирај се на info@mk.elsa.org