Јустиција – гласот на модерниот студент по право

Јустиција – гласот на модерниот студент по право

Јустиција е правно списание кое го издава ЕЛСА Северна Македонија како дел од активностите насочени кон правна едукација и усовршување на студенти по право, преку дополнително истражување и збогатување на своето знаење, надвор од формалното правничко образование, за различни сфери на правото.

 Јустиција е студентско списание  во кое студентите објавуваат  свои авторски научни трудови на одредени области од правото. Јустиција претставува простор за изразувње на студентите по право, мотивирајќи ги да истражуваат и да пишуваат за теми поврзани со правото кои будат интерес кај нив.  Оваа списание претставува  одлична можност за развивање на правничката и критичката мисла на студентите, давајќи им можност на амбициозните студенти уште за време на своите студии да придонесат кон развојот на правната наука.

ЕЛСА Северна Македонија до сега објави две изданија на списанието, во тек е повикот за трудови за третиот број на списанието.

Во прилог прочитајте што имаат да кажат студентите кои пишуваа во претходниот број на Јустиција

Александар Ташковски

,,После повеќе од четири години активно читање, истражување и компаративна анализа на текстови од различни јазици на меѓународни извори на космичкото право, ова претставува првиот труд што се охрабрив да го објавам на македонски јазик во Македонија. Имајќи ја предвид сиромашната литература во поглед на космичкото право во македонската академска литература, несомнено претставува(ше) огромен предизвик почесната задача да вршам доктринарен превод, анализи и истражувања во оваа област од меѓународното јавно право, која дочека да ја види светлината на денот во списанието Јустиција на ЕЛСА. 

     Водев особена грижа за тоа кој текст, кога и каде да биде објавен, со цел првиот истражувачки труд кој детално го анализира Космичкото Право од аспект на неговата конкретна примена во македонскиот правен поредок, биде објавен во списание кое достоинствено ќе го третира трудот. Такво задоволство најдов во Јустиција, која ми гарантираше почитување на истражувачката слобода преку не-интервенција со додавки и придавки во текстот. Поради почитувањето на слободата на истражувачката дејност, каде студентите од Македонија се апсолутно заборавени и исклучени, се надевам дека списанието ќе продолжи да се развива преку вклучување на сите колеги од правните науки од целата држава, а неговото објавување и публицирање ќе стане редовна пракса која пак ќе премине во традиција во годините што следат. 

    За крај, дозволете да забележам дека деталната анализа за примената на Меѓународното Космичко Право во домашниот поредок на Македонија е предмет на работа на мојот магистерски труд, за разлика од овој текст кој дава одговор за (de lege lata) примената на Космичката Арбитража во Македонија низ призма на постоечкиот Постојан избран суд- Арбитража при Стопанската комора на Македонија, наспроти (de lege  ferenda) улогата која може да ја има Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ). Останува да верувам, дека овие две Стопански комори, а особено МАСИТ не само што ќе го следат тековниот развој на космичкото право и економија туку и активно ќе придонесуваат кон истиот застанувајќи рамо до рамо со космичките економии од развиениот свет.”

Елена Пејчева

Пред се’ една голема благодарност за можноста да пишувам за овогодинешното издание на Justitia. Сметам дека е една прекрасна прилика како млади луѓе, во најширока смисла на зборот, а потоа и студенти да го искажеме нашето мислење и да го подигнеме гласот за одредени актуелни општестевни прашања. Несомнена е потребата од продолжување на ,,традицијата” на издавање на ваков тип на списание, поради фактот што претставува платформа за себеизразување и активно творење и вклучување во збиднувањата на денешницата.

Leave a Reply