Разговор со Бојан Петровски – Претседател на НМСМ, за учество на младите во процесот на донесување на младински политики

Разговор со Бојан Петровски – Претседател на НМСМ, за учество на младите во процесот на донесување на младински политики

Најпрво, кој е Бојан Петровски и како би се опишале вие?

Бојан е млад активист од Скопје.  Преку  10 години активен во младинскиот сектор, по идеологија “зелен“ екологист, борец за човекови права и еднакви можности. Доста гласен кога се работи за младите и младинските прашања. Љубител на свирки, фестивали  и добра рок музика. 

Како е да се биде претседател на најголемата мрежа на млади во Северна Македонија ?

Да бидеш Претседател на мрежа како што е НМСМ претставува најпрво голема чест но и огромна одговорност. Навистина беше голем предизвик најпрво да се решам на ваков чекор со поднесување на кандидатура,  но желбата за придонес за подобар статус на младиот човек,за борбата за поголема вклученост на младите во процесите на креирање национални и локални политики и желбата за развој на мрежата беше пресудна за овој предизвик. Борбата за човекови и младински права ми е приоритет, со тоа нема компромис.  Тука не сум сам, до мене имам професионалци, колеги од Управниот одбор и Секретаријатот на НМСМ. Млади луѓе со кои ја делиме визијата и мисијата на советот. Во младинскиот сектор постои доживотно учење, истото важи и за мене. Соработката со организациите членки ми е непроценливо искуство, младите и организациите членки се темелот на советот. Многу млади експерти, професионалци, волонтери и активисти од кои секојдневно учам нешто ново, горд сум на секој еден од нив и чест ми е што се тука и што ги познавам. Заедно растеме.

Познавајќи ја идеологијата на НМСМ и контактот кој го имате со младите, би сакале да ве прашаме  колку истите се инволвирани во општествените прашања денеска?

Постои едно неформално мислење кое кружи низ јавноста дека младите живеат во апатија.  Со тоа апсолутно не се согласувам. Младите точно знаат што сакаат и што им е потребно. Сите ние бевме сведоци и бевме дел од младинското организирање во борбата за подобро образование  и подобар статус на младиот човек во општеството.  Секој млад човек според мене е различно вклучен во решение на општествените прашања. Нормално си постојат млади кои се активно  вклучени но има и млади кои се пасивно вклучени во процесите. Мноу фактори влијаат на начинот на вклучување во општествените процеси, но според мене главна цел за која работиме е слободниот пристап до информации и начини за информирање за процесите со цел целосна вклученост.

Кои се предизвиците со кои младите се соочуваат сакајќи да го направат првиот чекор кон искажувањето на нивните ставови и идеи?

Постојат многу начини преку кои младите си ги искажуваат своите ставови и идеи, влијание постои од различни фактори. Тука е околината, тука се институциите и медиумите, тука се социјалните мрежи  и разни начини на организирање online I offline.  Мојата најголема желба би била младите се повеќе и повеќе да се охрабрат да бидат гласни преку средношколското и студентско организирање. Да бидеме гласни во училиштата и на универзитетите , тоа е нашата “база“. Исто, делување и преку активност во младински организации.Поголем заеднички активизам за полесно пренесување на пораката. Во секое развиено општество енергијата, идеите и предлозите доаѓаат од младите луѓе кои се темел и иднина на секоја држава.


Колку студентите се активирани во донесуваење и градење на младински политики и колку истото според  вас е од круцијално значење ?

Мој личен впечаток е дека студентите се доста активна група на граѓани и се активни на различни начини. Индивидуално, организирано преку младински организации или други неформални групи и придонесот е огромен. Од навистина огромна важност е студентите да се вклучени во креирањето на  младинските политики на национално и локално ниво. Студентите се една од главните таргет групи на НМСМ, голем дел од нашите организации членки работат директно со студентите и подобрување на студентскиот стандард. Сметам дека сега кога конечно го имаме новиот Закон за младинско учество и младински политики познат како Закон за млади  и  правно го обезбедивме задолжителното вклучување на сите млади во процесите на креирање на младинските политки. Властите и институциите на сите нивоа имаат законска обврска да вклучат и консултираат млади за младинските прашања

Leave a Reply