За ELSA

Сектори

СТЕП

Еден од клучните сектори на ЕЛСА е и Програмата за студентска размена и пракси или СТЕП/STEP (Student Trainee Exchange Programme). СТЕП им овозможува на студентите по право да го аплицираат своето знаење во практиката. Она што го прави СТЕП посебен е што праксите кои им ги нуди на студентите се одвиваат во различни земји низ Европа и светот.

На тој начин, преку СТЕП, практикантите имаат можност да живеат определено време во странство, кое не може да биде пократко од две недели и подолго од две години. За посетувањето на праксата практикантите добиваат определен месечен надоместок или им се покриени тамошните трошоци. Сместувањето и грижата за практикантот ја води локалната ЕЛСА група.

Праксите се одвиваат во правни фирми, консултантски друштва, невладини организации, банки и институти, но и во јавни администрации, судови и Влади. Се аплицира со пополнување на електронска апликација која може да се добие од Потпретседателот за СТЕП на адресата vpstep@elsa-rm.org.mk.

Основен услов за аплицирање е апликантот да е студент по право и член на Европското здружение на студентите по право - ЕЛСА. Освен тоа, треба да ги исполнува и дополнителните услови предвидени од конкретниот работодавец. Најчесто, тоа се познавање на определен јазик и знаење од конкретна област на правото.

СТЕП е уникатна можност за сите студенти по право кои сакаат да стекнат интернационално искуство во правото и да ги запознаат своите европски колеги преку практикување право, но истовремено и да патуваат и осознаваат нови места и култури.

Останати настани

Прослава на Ден на ЕЛСА

Прослава на Ден на ЕЛСА

 

На 25.11.2015 година со почеток во 16

...

повеќе...

Пракса-Адвокат Даниела Крстева Николовска

Адвокат Даниела Крстева Николовска има потреба од практикант за рабо...

повеќе...
Бегалска криза - Европа со или без граници?

 

Бегалска криза - Европа со или без граници?

 

Во последни

...

повеќе...

Пракси во адвокатската канцеларија Лазаров и Шоптрајанов

ЕЛСА  нуди пракси во адвокатската канцеларија Лазаров и Шоптрајанов (бу

...

повеќе...