За ELSA

Организациона структура

Собрание

Собранието на ЕЛСА е највисок орган на Здружението кое го сочинуваат сите членови на ЕЛСА со уредно регулирана членарина. Право на глас на Собранието имаат членовите кои се зачленети најмалку два месеци пред одржувањето на Собранието. 
 
Собранието на ЕЛСА работи на седници, а термините за одржување на Собранието ги одредува Претседателот во согласност со Извршниот Одбор. Тоа е должно да одржи седница најмалку еднаш годишно.Сите одлуки Собранието ги донесува со мнозинство гласови од вкупниот број присутни членови во Собранието, но тоа не треба да биде помалку од 1/3 од вкупниот број на членови на Собранието.
 
Собранието на ЕЛСА:
- го донесува, изменува и дополнува Статутот на ЕЛСА и Деловникот за работа; 
- ја разработува општата политика и донесува планови и програма; 
- ги усвојува годишните извештаи и финансиските извештаи за работата на ЕЛСА и ги објавува на својата веб страница; 
- го оценува извештајот на активностите и финалната состојба; 
- избира и разерешува Претседател, Потпретседател и Генерален Секретар на ЕЛСА;
- избира и разрешува Извршен Одбор на ЕЛСА; 
- избира и разрешува Надзорен Одбор на ЕЛСА; 
- на предлог на Извршниот Одбор избира Изборна комисија која го спроведува процесот на гласање, кој е утврден со Деловникот за работа на Собранието; 
- извршува и други активности предвидени со Статутот и други акти во согласност со Статутот; 
- доставува финансиски извештај на надлежниот орган на државната управа, односно до органот на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје во случаите кога користи средства од Буџетот н Република Македонија, односно на буџетите на единиците на локална самоуправа;
- одлучува за промена на целта на здружението; 
- одлучува за внатрешната организација и организационите форми на органи на здружението;
- врши и други работи во согласност со статутот и актите на здружението..
 

Последни настани