За ELSA

Сектори

Семинари и конференции

S&C
 

Семинари и Конференции е еден од трите клучни сектори во ЕЛСА. Активностите кои се организираат во рамките на овој сектор се насочени кон стекнување на знаења и вештини надвор од рамките на формалното образование, кои имаат огромно значење при оформување на профилот на еден студент по право.
 

S&C опфаќа : семинари, конференции, делегации во најзначајните меѓународни организации, летни/зимски школи, студиски посети, институционални посети и слично.

Семинарите и Конференциите се одржуваат на интернационално, регионално и национално ниво. Интернационалните настани се одржуваат во текот на целата година, на актуелни теми со реномирани предавачи од светот. Пријавувањето е по електронски пат.  Од регионалните настани, традиционално неколку години по ред се одржува ЕLSA Ex Yu  Конференцијата. Исто така, вакви настани се одржуваат и на национално ниво. Задолжително секоја година се организира семинар ЕLSA Freshers Camp, наменет за новите членови да добијат целосна слика за работата на ЕLSA.
 

Значајни активности во овој сектор се и делегациите во најзначајните меѓународни организации и институции како ООН, Совет на Европа, Светската Организација за интелектуална сопственост и други. Членовите на ELSA имаат привилегија да учествуваат во процесот на донесување на најзначајните одлуки во светски рамки, бидејќи најзначајните институции ги препознаваат високите вредности и квалитети на ELSA.

Летните и зимски школи и студиските посети се неповторлива можност да се стекнат нови знаења и искуства, како и новите пријателства ширум светот.

Институционалите посети овозможуваат поблиско запознавање со работата на институциите од областа на правото и политиката..

Останати настани

Обука на тема “Стратешко застапување - судски процеси и управна постапка за заштита на човековите пр

ЕЛСА секогаш се труди на своите членови да им понуди уникатни можности. Така...

повеќе...

Промотивен период за котизација на годишна членарина

Драги членови, 

Ве информирамe дека промотивниот период за котизација за

...

повеќе...

ELSA Republic of Macedonia Работилница и Промоција на СТЕП ( Меѓународни ) пракси

Почитувани ЕЛСАши, 

 
  Ми претставува огромно зад...

повеќе...
103 ПРАКСИ ВО 25 ЗЕМЈИ ШИРУМ СВЕТОТ

 

ЕЛСА оваа година повторно нуди пракси за студентите по право во Европа

...

повеќе...

Летните школи претствуваат спој на можности за стекнување на нови знаења и и...

повеќе...