За ELSA

Историја

EЛСА Република Македонија е независна, непрофитна и невладина организација насочена кон своите членови, студентите по право. Таа е основана на 05.09.1997 година во Скопје, од група млади ентузијасти, студенти по право, како дел од ЕЛСА мрежата во Европа. На Меѓународното Годишно Собрание, одржано во Опатија, Хрватска, во 1998 година, нашата национална група беше признаена како полноправна членка на ELSA International под своето уставно име.
 
ЕЛСА РМ е организација со специфични цели во работењето и е единствена НВО целосно посветена на студентите по право како своја таргет група. ЕЛСА им нуди најразлични можности за стекнување ново искуство, како на национално така и на интернационално ниво, преку учество и организирање на бројни семинари, коннференции, програми за развивање вештини за правно пишување, програми за размена, пракси, тренинзи итн. Исто така, преку соработката со други владини и невладини организации, ЕЛСА ги истражува можностите за работни места за своите членови и им овозможува да го завршат Правниот факултет со колку што е можно повеќе теоретско и практично знаење за нивната идна професија.
 
Денес, базата на членови на ЕЛСА РМ брои околу 300 студенти од Правниот факултет Јустинијан Први при УКИМ, како и студенти од другите правни факултети во Скопје, скоро дипломирани правници и вибрантна мрежа на алумни и поранешни членови, коидобија институционален облик во форма на European Lawyers Society, правно лице, кои сеуште активно ги помагаат нашите активности.

Останати настани

Пракса во Халк Банка

 

Халк Банка има потреба од практиканти со времетраење од најма

...

повеќе...

ELSA DAY посветен на лицата со хендикеп

Традиционалниот настан кој се одржува секоја година на 5ти март под мотото “...

повеќе...

„ Местото и улогата на правникот во општеството„.


ЕЛСА РМ со огромна чест и задоволство ја најавува конференцијата на тема „

...

повеќе...
Конференција Компјутерски криминал

Конференција ,,Компјутерски криминал"

ELSA RM организира Конференци

...

повеќе...

Дискусија „Патот до правничка кариера“

Време е за првата Елсашка средба на Правниот факултет во новиот семестар!...

повеќе...