Членство

Бенефити за членство

 
    Бенефит е да си член на ЕЛСА Република Македонија, да бидеш еден од триесет илјади проактивни студенти по право, преку 300 факултети, во 42 европски држави.
 
    ЕЛСА Република Македонија ти овозможува да ги подобриш твоите академснки активности, да учествуваш на разични семинари и конференции, да се стекнуваш со практично  искуство  преку СТЕП  програмата  и  домашните  праски  во  различни  прави институции (адвокати, јавно обвинителство, суд, невладини огранизации итн), да ги користиш книгите на ЕЛСА Библиотека, едноставно да ги искористиш сите поволности кои ти се нудат ако си член на ЕЛСА РМ.
 
Секторот Академски активности организира бројни рaботилници, обуки, предавања и тренинзи. Покрај тоа можеш да се вклучиш и во:
 
-MOOT COURT CLUB-от и да учествуваш на натпревар за заштита на Човековите права;
 
-Да пишуваш есеи на тематски натпревари;
 
-Да бидеш дел од прави истражувања и публикации на трудови;
 
    Секторот  Семинари  и  Конференции  нуди  одлични  можности  да  го  прошириш твоето  правно  знаење  учејќи  од  врвни  професионалци  и  експерти  од  целата  Европа. Можеш  да  присуствуваш  на  многубројни  семинари,  лени  школи  и  институционални посети од целата ЕЛСА мрежа.
 
    Покрај тоа, како поинаку ќе запознаеш толку многу култури и ќе стекнеш пријателства со колеги правници од другите европски држави?
 
   Ако сакаш пракса во странство-СТЕП програмата е клучот за тебе! ЕЛСА има Програма за размена на студенти и пракси која ти овозможува ретко искуство: работење во Европа. Сосема бесплатно можеш да аплицираш за платена пракса во траење од   2 месеци до 2 години во правни фирми, судови, банки, јавни институции, универзитети, правни служби, консултантски куќи и меѓународни организации во било која од змијите на Европа. Прито,а ЕЛСА ќе помогне со сместувањето и визите, а локалната група ќе се грижи за тебе додека си таму.
 
    Што  е  подобро  од  патување,  дружење  со  нови  луѓе  и  стекнување  работно  сикуство истовремено?
 
Исто така, ЕЛСА РМ организира и домашни пракси кај адвокати, јавно обвинителство, суд, невладини организации итн со кои ти овозможува да се стекнеш со практично искуство, односно да се запознаеш како теоријата функционира во реалноста.
 
ЕЛСА РМ има и сопстевана библиотека, располага со широк репертоар на книги со правничка содржина кои ќе ти помогнат при пишување на есеи, научно-истражувачки равоти, па дури и магистарски теза.
 
Доколку не сакаш да бидеш само студент, туку и ЕЛСА студент, зачлени се на начин што пополнуваш апликација, која можеш да ја најдеш во канцеларијата на ЕЛСА РМ (на Правниот факултет „Јустинијан Први“-Скопје или да ја презмеш од www.elsa- rm.mk  и  пополнета  да  ја  пратиш  на   secgen@elsa-rm.org.mk.  И  да  уплатиш  годишна чланарина од 400 денари во канцеларија на ЕЛСА РМ или на жиро сметка:
 
 
Назив на налогопримач: Еврпоско здружение на студенти по право на РМ;
 
Банка на налогопримач: НЛБ Тутунска банка;
 
Број на сметка: 210 0525628301 36;
 
Цел на сознака: годишна члeнарина;
 
 
 
За се друго информирај се на info@elsa.mk

Останати настани

Институционална посета на Основен суд Скопје 1 -Скопје

Ве известуваме дека во рамки на отворените денови на судството како ЕЛСА член

...

повеќе...

“Управување со правни ризици:Правни трендови”

 ЕЛСАши

 

Ни претставува голема чест и задоволство што и оваа година

...

повеќе...
117 Интернационални пракси

ЕЛСА нуди можност за пракси во странство за студентите по право. Овој циклус,

...

повеќе...

Регионален MOOT натпревар во човекови права

Регионалниот MOOT Court натпревар во човекови права e настан кој се орг...

повеќе...

Пракса во ЕОС МАТРИКС

ЕОС МАТРИКС е интернационална компанија застапена во 25 земји во светот и е

...

повеќе...