Семинари и конференции

Семинари и конференции е еден од трите клучни сектори во ЕЛСА. Активностите кои се организираат во рамките на овој сектор се насочени кон стекнување на знаења и вештини надвор од рамките на формалното образование, кои имаат огромно значење при оформување на профилот на еден студент по право. 

S&C опфаќа : семинари, конференции, делегации во најзначајните меѓународни организации, летни/зимски школи, студиски посети, институционални посети и слично.

Семинарите и конференциите се одржуваат на интернационално, регионално и национално ниво. Интернационалните настани се одржуваат во текот на целата година, на актуелни теми со реномирани предавачи од светот. Пријавувањето е по електронски пат.  Од регионалните настани, традиционално неколку години по ред се одржува ЕLSA Ex Yu  Конференцијата. Исто така, вакви настани се одржуваат и на национално ниво. Задолжително секоја година се организира семинар ЕLSA Freshers Camp, наменет за новите членови да добијат целосна слика за работата на ЕLSA. 

Значајни активности во овој сектор се и делегациите во најзначајните меѓународни организации и институции како ООН, Совет на Европа, Светската Организација за интелектуална сопственост и други. Членовите на ELSA имаат привилегија да учествуваат во процесот на донесување на најзначајните одлуки во светски рамки, бидејќи најзначајните институции ги препознаваат високите вредности и квалитети на ELSA.

Летните и зимски школи и студиските посети се неповторлива можност да се стекнат нови знаења и искуства, како и новите пријателства ширум светот.

Институционалите посети овозможуваат поблиско запознавање со работата на институциите од областа на правото и политиката.