Uncategorized

Започна Академијата за деловно право

На 30.3.2019 го започнавме нашиот долго најавуван проект- Академија за деловно право која ја организираме со соработка со адвокат Ветон Ќоку и адвокат Љупка Новеска Андонова, преку соработка со Karanovic & Partners. Во текот на неколку неделните предавања учесниците ќе имаат несекојдневна можност да се стекнат со знаења и вештини од различни аспекти од областа на деловното право, како и да се запознаат со невообичаените проблеми кои можат да ги сретнат во текот на адвокатското работење.

Академијата започна со две предавања од областа на работните односи  и Commercial & Healthcare, со посебен фокус на заштитата на лични податоци. Во текот на првата сесија, учесниците ги проширија своите знаења во поглед на договорите за вработување и се запознаа со највпечатливите клаузули кои може да ги содржат менаџерските договори. Посебен акцент беше ставен на разликата помеѓу договор за вработување и менаџерски договор, како и спречувањето на злоупотреба на менаџерските договори.

По презентацијата на теоретските аспекти, учесниците добија можност да ги изложат своите видувања во однос на практичниот случај на којшто работеа. Така, дел од учесниците се најдоа во улога на адвокати на менаџер, додека другите беа адвокати на компанија. Низ исцрпната дебата тие се обидоа да докажат која страна е во право и кои законски решенија би се примениле во дадениот случај.

Во втората сесија, учесниците имаа можност да дознаат повеќе за правните аспекти во работата на фармацевтската индустрија, а особено за важноста на заштитата на лични податоци во фармацијата. Преку предавањето осознавме каква заштита се нуди на национално ниво, но и какви промени донесе новата Регулатива за заштита на лични податоци, која има директно влијание не само врз нашето законодавство туку и врз секојдневното работење на голем број компании.

Покрај очигледната мотивација за стекнување нови знаења и вештини, концентрацијата на нашите учесници на особено високо ниво ја одржуваше и освежувањето кое ни пристигна од нашите пријатели, Red Bull.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *