Надзорен одбор

Константин Битраков

Константин Битраков е докторанд на Правниот факултет при Универзитетот во Белград. Претходно магистрирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (2016 година), каде и дипломирал (2014 година). Средното образование го завршил во Едмонд, Оклахома, Соединетите Американски Држави. Поради високиот просек во текот на додипломските студии Ректорот на Универзитетот му ја доделил наградата „26 јули“ за најдобар студент во академската година 2013/2014. Освен тоа тој има учествувано на бројни натпревари, конференции, семинари и работилници, а има објавено и повеќе писанија (електронски и печатени трудови и блогови). Негово посебно поле на интерес е Административното право.

Константин Битраков активно се вклучува во ЕЛСА Република Македонија во текот на додипломските студии и учествува во повеќе нејзини активности. Во академската година 2014/2015 бил член на Управниот одбор како Потпретседател за академски активности. Следната година, пак, станува член на Надзорниот одбор, која функција сѐ уште ја носи. Моментално е Проектен асистент во Центарот за мрежата на правни факултети на Југоисточна Европа (SEELS), како и ангажиран на повеќе проекти поддржани од домашни и меѓународни организации.

Мирослава Џаџева

Мирослава Џаџева, дипломиран правник е член на Надзорниот одбор на ЕЛСА Македонија за академската 2017/2018 година. Во втората година од студии станува член  на ЕЛСА РМ, активно вклучувајќи се во настаните кои пробудуваат интерес и желба да се вклучи  во работата на организацијата. Во јуни 2015 година се кандидира за член на Управен Одбор, за позицијата Благајник.  Ентузијастички  вложуваше голем труд и во својот сектор и беше сестрана со останатите. Тимската работа  и успешните настани придонесоа таа да ја продолжи својата приказна, па така во 2016 година се кандидираше за член на Извршен одбор на позицијата Потпретседател за Академски активности.  Сега во петтата година од Мастер студиите по Деловно право, покрај невладиниот сектор, посетува институции каде практично да го примени своето досегашно знаење и истото да го унапреди. Таа беше дел од тимот на натпреварот Big Deal 2017 во Љубљана, посветен на Деловното право каде го претставуваа Правниот Факултет  „Јустинијан Први“ во Скопје.

Маја Вељанова