Извршен одбор

Претседател

Ангела Јанкоска е родена на 19.09.1994 година, во Скопје. Во 2013 година завршува средно образование во СУГС Гимназија “Јосип Броз Тито”. Истата година образованието го продолжува на Правниот факултет “Јустинијан Први” при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, каде дипломира во 2016 година и се здобива со титулата дипломиран правник. Во моментот Ангела е студент на постдипломските студии по Казнено право на истиот факултет. Има учествувано на бројни натревари, семинари, конференции и обуки. Течно говори англиски и италијански јазик. Мотивирана да се приклучи кон невладиниот сектор, како и свесна за фактот дека еден квалитетен студент треба да се надоградува постојано, за прв пат станува член на ЕЛСА РМ во втората година од студиите и уште истата година зема учество во сите активности на здружението. Водена од желбата да напредува и во внатрешната структура на организацијата, наредната година се приклучува кон тимот како Директор за СТЕП, а во 2016 година за прв пат станува дел од Управниот одбор како Потпретседател за СТЕП. По неколкугодишно искуство во организацијата, на 12ти јуни 2017, на 22то Генерално собрание на ЕЛСА РМ е избрана за Претседател на ЕЛСА РМ за 2017/2018 година.

Благајник

Билјана Петревска е родена на 16.07.1996 година во Ресен, каде и го завршува средното образование во гимназијата „Цар Самоил“. Од самите почетоци во средното образование се активира во невладиниот сектор, посетувајќи многубројни oбуки,  семинари и натпревари. Особена активност покажува во Црвениот Крст каде била Лидер на Клубот на млади во Ресен, како и ПХВ дисеминатор во ПХВ програмата, а се стекнува и со признание за посебно залагање и допринос во хуманитарната работа.
Образованието го продолжува на Правниот Факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, каде во моментов е студент во трета година, со претензии кон постдипломските студии по Граѓанско материјално и процесно право. Набргу по зачленувањето во ЕЛСА е избрана за Директор за човечки ресурси, а во јуни 2017 година Генералното Собрание и ја дава довербата за извршување на позицијата благајник.
 
 

Потпретседател за семинари и конференции

Тамара Велковска е родена на 11.06.1994 година во Скопје. Во 2013 година го завршува своето средно образование, во средното стручно училиште ,, Васил Антевски - Дрен’’. Веднаш потоа образованието го продолжува на Правниот факултет ,, Јустинијан Први” при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје, каде што дипломира во 2016 година и се здобива со титулата дипломиран правник. Во моментов Тамара е студент на постдипломските студии по Граѓанско материјално право на Правниот факултет. Како резултат на нејзиниот висок просек, во неколку наврати има добивано државна стипендија, која што Министерството за образование и наука ја доделува на студенти со особено висок просек, како и на стипендија од осигурителната компанија ,,Еуролинк’’ која што компанијата ја доделува на најперспективните студенти на Правниот факултет. Од самите почетоци на нејзиното студирање е член на Европското здружение на студенти по право (ЕЛСА РМ). Во 2015 година станува и Директор за маркетинг на ЕЛСА РМ, а во 2017 година, ја добива довербата на Собранието на ЕЛСА РМ кое што ја избира за Потпретседател за семинари и конференции. Водена од желбата да научи повеќе, во текот на студирањето има посетувано различни семинари, обуки и конференции, најчесто од областа на човековите права. Во март 2017 година учествува на Регионалниот натпревар по симулирани судења пред Европскиот суд за човекови права, како дел од тимот на ЕЛСА РМ, каде што го освојува високото четврто место. Во текот на студиите, работи како практикант во Адвокатската канцеларија Дафинка Ивановска и во Основниот суд Скопје 2-Скопје . Во 2017 година станува и правен советник по Потрошувачко право на Правната клиника на Правниот факултет ,, Јустинијан Први”. Истата година се вработува во едно од водечките адвокатски друштва во Македонија, Адвокатско друштво ,, Бранко Кузманоски” . Активно зборува Англиски јазик и има основни познавања од Германски јазик.

Потпретседател за академски активности

Фанче Димоска е родена на 16.02.1995 година во Скопје. Во моментов е студент на пост-дипломски студии по меѓународно право, меѓународни односи и право на ЕУ на Правниот факултет „Јустинијан Први“-Скопје, каде претходно дипломирала. Средното образование го завршила во СУГС „Георги Димитров“. Во текот на средношколските денови, а подоцна и во текот на студиите учествувала на бројни обуки, конференции, семинари и истражувања. Во текот на студиите зема учество и во Правната клиника при Правниот факултет „Јустинијан Први“.

Нејзината ЕЛСА приказна започнала во 2014та година, кога и се приклучува на организацијата. Една година подоцна е избрана за Директор за академски активности, за потоа да биде избрана за Потпретседател за маркетинг. Во текот на оваа академска година ја извршува функцијата Потпретседател за академски активности.

Потпретседател за СТЕП

Беба Жагар е родена на 18.07.1996 година, во Скопје. Горда е на тоа што била дел од Корчагинското семејство и таму ги стекнала работните навики. Студент е во трета година на додипломски студии, со аспирации за смерот Право на интелектуална сопственост. Течно зборува англиски и француски јазик, а хрватското потекло и овозможува солидно да ги владее и екс ју јазиците.
Се приклучи на ЕЛСА РМ во втората година од студиите и веднаш ја привлече СТЕП секторот, кој го гледа како прилика за студентите да ги прошират видиците и да стекнат нови искуства. Моментално ја врши функцијата потпретседател за СТЕП.
Во слободно време бара практична надградба на нејзиното правничко знаење, работи во кафетерија и е вклучена во бројни проекти организирани од факултетот. 

Потпретседател за маркетинг

Ивана Ажиевска е родена на 04.09.1996. Својата патека кон запознавање со правото започна да ја чекори во С.Е.П.У.Г.С „Васил Антевски Дрен“ каде се здоби со основните познавања при изучувањето на правниот смер. Моментално е студент на додипломски студии при Правниот факултет „Јустинијан Први“ со претензии кон меѓународно право, поконкретно областа за заштита на човековите права и слободи.

За прв пат се придружи на ЕЛСА Република Македонија како бруцош и набрзо станува дел од нејзиното потесно семејство, кога во нејзината втора година е избрана како Директор за прибирање финансиски средства. По скоро две-годишно членство и активно учество во организацискиот како и партиципативниот дел на настаните, таа се кандидира и е избрана како Потпретседател за маркетинг на Собранието на ЕЛСА Република Македонија со големи амбиции кон подобрување на целокупниот имиџ на здружението.