Uncategorized

ELSA Day: 5 различни образовни платформи

Го одбележуваме ELSA Day!

ELSA Day е настан којшто секоја година се одбележува во секоја ЕЛСА група низ Европа. Идејата е преку организирање на унифицирани настани да се покрене свеста за конкретно прашање во секоја од овие држави.Годинава се посветуваме на правото на образование како човеково право.

Правото на образование има огромно влијание врз равојот на индивидуата, како и врз понатамошниот тек на животот. Ова право честопати е во корелација со останатите човекови права, а е тесно поврзано и со можноста за нивно уживање од страна на поединецот.

Нееднаквиот пристап до образованието е еден од најголемите проблеми кога е во прашање имплементацијата на ова човеково право. За среќа, пристапот до интернет може да помогне кон намалување на разликите во образованието на индивидуите и да помогне за секој да се развива и надоградува. Токму поради тоа, за денес подготвивме листа од апликации и веб-страници кои нудат бесплатен и ефикасен пристап до нови знаења од различни области.

  1. EdX

    EdX е платформа која нуди различни курсеви од реномирани универзитети. Опфаќа широк спектар на области, а можете да најдете и голем дел курсеви од областа на правото.

  2. Coursera

    Слично на претходната, Coursera е платформа која ви нуди знаење од различни области. Под мотото Anything is possible оваа веб-платформа ќе ви помогне да стекнете вештини и знаења бесплатно.

  3. Udemy

    Udemy е платформа која овозможува пристап до различни туторијали и курсеви подготвени од страна на  различни инструктори кои професионално се бават со областа која ја предавааат од различни делови на светот.

  4. Skillshare

    Skillshare претставува виртуелна заедница од врвни експерти од различни области кои преку онлајн часови го споделуваат своето знаење со сите заинтересирани ученици.

  5. Duolingo

    Duolingo е една од најпознатите апликации во светот која ви овозможува да започнете со учење на странски јазик од почетно ниво. Претворајќи го светот околу вас во училница, со помош на Duolingo ќе стекнете јазични вештини кои потоа можете да ги надоградите преку други платформи.

Education is a human right with immense power to transform. On its foundation rest the cornerstones of freedom, democracy and sustainable human development.
-Kofi Annan

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *