Директори

Директор за академски активности

Атанас Аврамов е роден на 04.07.1996 во Гевгелија. Образовниот пат кон правото го започна со насоката ОХА – Општествено  - хуманистичко А во СОУ „Богданци“- Богданци. Во моментов е студент на додипломски студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитет „Кирил и Методиј“- Скопје, со наклонетост кон меѓународното право, специјално кон човековите права и слободи, хуманитарното-воено право и надворешната политика на ЕУ.

За прв пат се придружи на ЕЛСА Република Македонија во втората година на неговите студии, кога неговиот ангажман е само како член и учесник на неколку конференции, за да следната година се кандидира и е избран за Директор за академски активности.

Истовремено е и член на невладината организација „ПОЛИМАТ13“, која се наоѓа во неговиот роден град, предавач во МОФ во склоп на програмата „Учиме право“ и дел од Правната клиника на Правниот факултет „Јустинијан Први“.

Директор за маркетинг

Бојана Русевска е родена на 21.01.1999. Своето средно образование го почна во гимназијата “Раде Јовчевски-Корчагин” каде подоцна при избирањето на смер, се определи за Општествено-хуманистичко подрачје каде ги стекна првите знаења за правото и стана дел од нејзиниот интерес. Моментално е студент на правниот факултет “Јустинијан Први” на правните студии и стана член на ЕЛСА во октомври 2017 година, каде подоцна во ноември истата година стана директор за маркетинг.

Директор за човечки ресурси

Антонио Велковски е роден на 19.10.1995 година во Скопје. Средно образование завршува во С.Е.П.У.Г.С “Васил Антевски-Дрен”, каде на правниот смер се запознава со основите на правото и го сфаќа неговото значење како круцијален елемент за градење на едно подобро општество. Своето понатамошно образование го продолжува на Правниот Факултет “Јустинијан Први”, каде што моментално е студент на додипломски студии. Неговите претензии во областа на правото се насочени особено кон Кривичното право, во која насока впрочем сака и да го продолжи неговото студирање. Станува член на ЕЛСА на 20.11.2015 година и се запознава со работата и целите на организацијата, како и од бенефитот да се биде нејзин член. По скоро две-годишно членство, решава поактивно да се ангажира во организацијата и се кандидира за позицијата директор за човекови ресурси, за која и подоцна е избран.

Директор за СТЕП

Надица Упчева е родена 22.02.1997 г. и ни доаѓа од Дојран. Со правото се запознава преку општествениот смер во средното училиште „Богданци“. Сега е студент на додипломски студии на Правниот факултет„Јустинијан Први“, а понатаму  би продолжила  на мастер студии во областа на граѓанското право.

 За прв пат се придружи на ЕЛСА Република Македонија во втора година и набрзо станува дел од нејзиното потесно семејство, кога во нејзината трета година е избрана како Директор за СТЕП, со претензии за продолжување и унапредување во самата организација. Истовремено е дел од правната клиника на Правниот факултет „Јустинијан Први“, поконкретно за права од социјална и здравствена заштита. Исто така активно учествува во низа проекти и настани.

Директор за семинари и конференции

Ангел Пулев е роден на 19.09.1995. Со правото за прв пат се запозна во средношколските денови, учејки на правниот смер во  СЕПУГС Васил Антевски Дрен. Моментално е студент на додипломски студии при Правниот факултет ,,Јустинијан Први’’ со претензии кон кривичното право, со цел во иднина да работи како адвокат во оваа област. На ЕЛСА и се приклучи во 2016, во првата година од своите студии на Правниот факултет. Во изминатата година редовно ги посетуваше конференциите и настаните кои ги организираше ЕЛСА, а во ноември 2017 година се кандидираше за функцијата директор за семинари и конференции, со цел да помогне во понатамошниот развој на организацијата. Во минатото беше член на АЕГЕЕ Скопје, каде што беше одговорен за ресорот човечки ресурси и истовремено беше и потпретседател на организацијата.