Consulting Inter Group

КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП е консултантска компанија која врши правни и консултантски услуги од сите сфери на правото, но, е специјализирана во областа на деловното право.
Предводени од претприемничкиот дух, иновативните размислувања и иницијативност за развој на компаниите, листата на услуги кои КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП ги нуди е отворена и постојано се проширува, а примерно се состои од: основање и статусни промени на компании, изработка на бизнис и маркетинг планови, консултации и советување в.в. постапки за јавни набавки, правен и економски due diligence, истражување на инвестициски можности, алтернативно решавање на спорови преку медијација, повраток на средства од надоместок за патишта, заштита на интелектуална сопственост, советодавни решенија при влегување во договорни односи, посредување помеѓу клиентите и институциите и државните органи.
Компанијата нуди професионален пристап во работењето, брзи и практични решенија со минимална вклученост на клиентите, што е од особена важност за нивното деловно работење.
Како активни чинители во националната правна проблематика, КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП е силен поборник за промоција на студентска вклученост во општествените случувања, поддржувач на женското и социјалното претприемништво и преку низа проекти континуирано работи на подобрување на состојбата на семејните претпријатија во Македонија.