Академски активности

Академски активности

Секторот Академски Активности претставува фундаментален сектор во ЕЛСА и сектор кој заедно со секторот СТЕП и Семинари и Конференции, спаѓа во таканаречените key areas на оваа организација. Тој е еден од стожерите на ЕЛСА, сектор на кој се насочени голем дел од активностите на оваа организација.

Во рамките на овој сектор и активностите кои се одвиваат во него,  на членовите на ЕЛСА им се овозможува да се стекнат со нови правнички знаења и истите да ги споделуваат, да го почуствуваат правничкиот живот и практицирање на правото, а не само теоретизирање кое им го пружа испитната литература, се остварува влијание на правничкото образование и се овозможува развој на вештините на говорење, пишување и размислување правнички.

Во рамките на овој сектор спаѓаат следните активности: истражувања на определена правничка тема, напревари во пишување есеи, симулација на судење – MOOT COURT натпреварите, обуки, тренинзи итн.

Правните истражувања претставуваа одлична можност за нашите членови да го разбудат својот истражувачки дух и да научат многу за определената тема. Овие истражувања ќе им помогнат да научат како да читаат правна литература, учебници, студии, закони, меѓународни акти и од истите да извлекуваат заклучоци и да заземаат критички став. Овие истражувања можат да бидат значајна основа во пишувањето на нивните идни научно истражувачи работи и магистерски тези. ЕЛСА РМ, во последите години има учествувано на две големи правни истражувања на интернационална ниво, и тоа Истражување за правата на децата, во кое учествуваат 23 европски држави и Истражување за правата на затворениците, кое беше остварено во соработка со ЕЛСА Хрватска и ЕЛСА Италија.

Натпреварот во пишување есеи е востановен во рамките на ЕЛСА и е сместен во активностите на овој сектор, почкнувајќи од ICM во Брисел 1992 година. Неговата  цел е да овозможи студентите да научат за правниот систем во духот на критичкиот дијалог, да се оствари научна соработка и размена на искуства во текот на нивното пишување и презентирање, да ја разбуди креативноста и да го подобри правничкиот речник на студентот. Овие есеи се организираат на нацинално ниво – во рамките на ЕЛСА РМ и на интернационално ниво каде учествуваат студенти од различни држави и за победникот се нудат примамливи награди како на пример, објава на есејот во престижно списание, пракси и парични награди.

Симулациите на судење – МООТ COURT натпреварите земаат значајни место во ЕЛСА мрежата и се едни од најважните настани во истата, бидејќи се мошне примамливи за своите членови и будат огромен интерес кај нив, а воедно се и мошне корисни за здобивање нови правнички искуства и нови знаења. Во рамките на ЕЛСА мрежата се организираат три МООТ COURT натпревари, од кои два се однесуваат на симулација на судење и процедурата на поднесување апликација до Европскиот Суд за човекови права (едниот е на европско ниво, другиот е наменет за студентите од поранешните југословенски републики). Нашата ЕЛСА РМ веќе 7 години по ред учествува на регионалниот МООТ COURT натпревар каде нашите членови ја искусуваат шансата да напишат апликација до ЕСЧП и да ја почувствуваат судницата во улога на правни застапници на жалителот или на државата против која е апликацијата, сето тоа во врска со еден фиктивен случај. ЕЛСА РМ е особено горда на успесите на своите членови кои ја претставувале на овој натпревар, особено на победничкиот пехар кој го добија нашите членови во 2010 години и кој зазема значајно место на полиците во нашата канцеларија.

Третиот МООТ COURT натпревар, се однесува на трговско право и се одвива пред најголемите експерти од Светската трговска организација (СТО)., која е интернационална организација која се занимава со глобалните правила за трговијата меѓу државите.

Обуките и тренинзите претставуваат значаен сегмент од активностите на ЕЛСА РМ и се мошне атрактивни за нашите членови, а со тоа и мошне посетени, па затоа нашата организација се обидува нив да ги организира во поголем број. Целта на овие настани е да се продлабочат правничките знаења на нашите членови од определан актуелна област или област која нив ги интересира, каде им се овозможува да се стекнат со дополнително знаење надвор од своите предавања преточено од врвни стручњаци од соодветната област.  Во последните години беа организирани обуки и тренинзи на различна тема меѓу кои за медијација, нотаријат, адвокатура, тероризам и меѓународно хуманитарно право, криминалистика, правата на бремените жените, права на хендикепираните лица, пристап до информации од јавен карактер итн..