Uncategorized

Ја лансиравме Јустиција!

На ден 17.10.2018 година, среда, со почеток од 16 часот, во старата сала за ННС во рамките на Правниот факултет “Јустинијан Први”, со пригоден настан пред присутната јавност, се одржа свечената промоција на возобновеното списание „Јустиција”, како чиј издавач се јавува Европското здружение на студенти по право во Република Македонија – ЕЛСА РМ.

Станува збор за згаснатото правничко списание, кое доживеало да излезе од печат во неколку броја низ минатото, но сепак неоправдано престанало да постои. По успешниот обид за реиздавање на ова стручно списание, во првиот печатен број на списанието, среќаваме автентични дела на тринаесет млади правници, дипломирани правници и магистри по право, кои творат на разни области од правото.

Ова четиво кое е наменето за сегашните и идните студенти на правните факултети, но и за пошироката јавност, е создадено од и за студентите. Главниот мотив кој стои зад него е поддршката на надежните правнички умови, а основната намена на истото е овозможување простор за изразување на нивните критички тонови и професионални размисли од широкиот спектар области на правото. Замислата е да излегува еднаш годишно, а автори да бидат индивидуи кои на доброволна и волонтерска основа ќе испратат свои текстови на сопствена одбрана тема, а кои по селекцијата од уредувачкиот тим и по рецензирањето, ќе ја добијат довербата и ќе се најдат низ страниците на „Јустиција”.

Идејата првиот број на оживеаното списание да ја види светлината на денот, немаше да биде можна, без финансиската помош на осигурителната компанија Еуролинк осигурување АД Скопје, од каде несебично ја покажаа нивната општествена одговорност како ентитет и докажаа дека се навистина врска со вистинските вредности во заедницата.

Воедно, како помагач на издавањето на списанието се јавува и Општина Дојран, чие раководство ни излезе во пресрет и даде поддршка за печатењето на овој број.

Целокупната активност околу враќањето на ова списание од минатото, е патот кој извршниот одбор на здружението, како и целокупното членство, сакаа да го изодат и тоа и го сторија, како би докажале дека визијата – создавање праведен свет во кој има почит за човековото достоинство и културната разноликост, е став и светоглед, а не само обична комбинација од зборови.

Списанието е достапно и онлајн, па топло ве покануваме да го прочитате на овој линк.

За крај, ги очекуваме вашите иницијативи за трудови за следниот број од ова наше списание. А, до тогаш останете ни добри.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *