Правен факултет

Правниот факултет ,,Јустинијан Први’’ уште од самото основање на ЕЛСА континуирано ја поддржува организацијата и нејзините членови со цел тие да ги прошират своите правнички хоризонти и во иднина да се изградат во врвни професионалци.
 
Покрај поддршката од деканската управа, од основањето на ЕЛСА во 1997 година па се до денес, голем број на професори и асистенти учествувале на нашите настани и секогаш безрезервно ни пренесувале дел од своите знаења. 
 
Канцеларијата на ЕЛСА Република Македонија е со седиште на Правниот факултет ,, Јустинијан Први’’.