Академски активности

Ново издание на Јустиција

На ден 15.10.2019 (вторник) во просториите на Правен факултет ,,Јустинијан Први” во Скопје, се одржа промоција за вториот број на списанието Јустиција, спонзорирано од Еуролинк Осигурување АД, кое што излегува еднаш годишно. Списанието Јустиција има долга историја во ЕЛСА, но истото со текот на годините згаснало и неговата популарност се намалила, но сепак амбициите и ентузијазмот на студентите не згаснаа и веќе втора година по ред ЕЛСА Северна Македонија повторно го објавува списанието ,,Јустиција” кое што годинава брои вкупно 10 различни труда напишани од студенти по право наменети за студенти по право.
Јустиција како проект е одлична можност каде што се дава простор на креативните и амбициозните студенти да ја развиваат критичката и правничката мисла преку пишување на трудови за најразлични теми од областа на правото. Јустиција претставува предизвик којшто ги мотивира студентите уште во своите студентски денови да размислуваат и да се стремат кон развивање на правната наука. Целта на списанието е гласот на студентот да биде слушнат и прочитан и се надеваме дека наредните години ќе постои можност списанието да се издава и повеќе пати во година.

Списанието може да се види и во онлајн верзија :

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *