UncategorizedАкадемски активностиСеминари и конференции

Академија за деловно право

Се сметате ли и Вие за оние кои би поместиле и планини во името на правото и правдата? Имате страст за просперитет и се гледате како дел од интелектуалната елита, носител на утрешнината?

Ако Вашите одговори се потврдни, тогаш Ви се обраќаме со желба за меѓусебна поддршка за реализирање на Вашата индивидуална, но всушност заедничка цел – успешен почеток на Вашата идна кариера во областа на правото.

Дозволете ни да Ве поканиме да земете учество на претстојната академија за деловно право во организација на ЕЛСА во соработка со адвокат Ветон Ќоку и адвокат Љупка Новеска Андонова, во соработка со адвокатското друштво Karanovic&Partners.

Како настан кој ќе вклучи интерактивни предавања во времетраење од повеќе недели, искористете ја оваа уникатна прилика и преку ентузијазмот и стручноста на врвните практичари, продлабочете ги своите познавања од областа на конкурентското право, интелектуалната сопственост, решавањето спорови, енергетиката.

Оваа уникатна академија ќе започне во сабота, 30.03.2019 година и ќе се одвива секоја следна сабота од месецот април.

Котизацијата за учество на истата е во износ од 1.200 денари за членовите на ЕЛСА и 1.800 денари за останатите учесници.

Во цената се вклучени работните материјали, како и освежувањето за време на паузите.

За успешното завршување на академијата, слушателите ќе се стекнат со сертификат.

Бројот на учесници е ограничен, а сите заинтересирани за свое академско усовршување, учеството нека го пријават на applications@mk.elsa.org, најдоцна до 28.03.2019 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *